Пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ смета дека треба да се признае падот на наталитетот и стареењето на населението во нашата држава во последните две децении.
-Тоа што работите се туркани под тепих, тоа што со години е избегнувано да се направи попис за да видиме каква е реалната состојбата во нашата држава е друго прашање, рече Шкријељ синоќа во емисијата „24 Анализа“, додавајќи дека уште во 2015 година меѓународната организација за миграции излезе со статистика дека 20 проценти од нашето население е преселено и живее надвор од државата.
Шкријељ нагласи дека оваа ситација бара преиспитување и реорганизација во сите системи и тоа системот на социјална заштита, здравствениот систем, образованието, а пред се добра демографска политика.
-За мерката „трето дете“, во времето на ВМРО-ДПМНЕ се издвојувале огромни буџетски средства без ефект, наталитетот и покрај тие мерки од 13,3 проценти во 2001 паѓа на 11,1 отсто во 2016 година, рече Шкријељ, додавајќи дека оваа мерка прдолжи да постои, но онаму каде што е потребна, кај ранливите семејства.
Сите релевантни институции укажуваа дека мерките што значат добра демографска политика, се други мерки и тоа е токму она што го правиме изминатите години, со вложување во предучилишно образование, изградба на градинки, особено во рурални средини, фокусирани сме да обезбедиме еднакви можности за секое дете и секоја жена, истакна Шкрјељ, додавајќи дека изминатите години се изградени над 70 градинки.