Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ на својата редовна седница на Извршниот Одбор, одржана на 10.04.2023 година, ја разгледа поканата од Министерството за Правда за учеството во работната група за уставни измени.
-По опсежната дискусија во која учествуваа речиси сите членови на Извршниот Одбор ставот на ГРОМ е да не учествува во работата на оваа група затоа што нема потреба од уставни промени, велат од партијата на Стевче Јакимовски.
Според нив, „овој став произлегува од корелацијата меѓу македонскиот и бугарскиот устав каде македонското национално малцинство нема никакви права загарантирани со устав“.
-Ако за над 200.000 Македонци во Бугарија нема место во нивниот устав зошто би требало да има место во македонскиот устав за само 3.400 самоосознаени Бугари. Според тоа не учеството во работната група и отфрлањето на потребата од промена на уставот заради лечење на фустрациите на минорна бугарска група во Македонија е единствен логичен заклучок. Народ кој не ни го признава јазикот и нацијата нема ниту морално право да бара асиметричност во нашиот устав, зошто да потсетиме на македонците во Бугарија не им е дозволено ниту здружение да имаат иако посебноста на македонскиот народ е потврдена со 17 меѓународни пресуди, соопштуваат од ГРОМ.