Поранешен играч на Реал го напушти фудбалот и се ожени со 18 години постара милионерка

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Поранешниот талент на Реал Мадрид, Серхио Караљо никогаш не успеа да го исполни својот целосен потенцијал на фудбалските терени, но се најде во фокусот на јавноста поради една интересна приказна за неговиот брак. Караљо беше голема надеж на Реал, а за кралскиот клуб потпиша во 2012 година. Сепак, тој играше само за резервниот тим и чекаше прилика, но никогаш не ја доби.

Затоа, во 2016 година ја носи најдобрата животна одлука. Тој се пресели во Соединетите Американски Држави и реши да стави крај на кариерата по многу несреќни околности на фудбалскиот терен. Се посвети на студиите и напредуваше. Во САД запознал 18 години постара милионерка, која подоцна ќе му стане сопруга. Станува збор за Британката Керолин Стенбери (46).

Неговата славна сопруга преку ноќ го збогати, а потоа се посвети на бизнисот каде има многу повеќе успеси отколку на терените ширум светот. Изгледа дека заминувањето во САД била најдобрата одлука во неговиот живот бидејќи додека студирал дигитален маркетинг, Серхио ја запознал Каролина, која целосно му го променила животот.

Инаку, Керолин Стенбери е многу популарна во Велика Британија и потекнува од богато семејство. Таа е позната актерка и ТВ ѕвезда, која 18 години беше во брак со турскиот тајкун Џем Хабиб. Како што истакнува поранешниот играч на Реал, тој детаљ не му бил важен и безусловно ја сака Керолин.

– Откако се запознавме, не сме разделени. Ние сме сродни души. Татко ми ми рече дека ќе ми ги даде сите пари на светот ако раскинеме, а мајка ми почна да плаче кога дозна за нашата врска. Но, на крајот ја запознаа и сега ја сакаат како своја ќерка – изјави Серхио за „Мундо Депортиво“.

Откако се венчале, двајцата се преселиле во Дубаи. Сега Карало живее живот на шеик благодарение на неговата сопруга. Двајцата делат вила од соништата и автомобили вредни неколку милиони евра.

Слични содржини