Панова: ВМРО-ДПМНЕ нема да делегира претставник во работните групи за уставните измени

од Nikola Popovski
136 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ нема да делегира претставник во работните групи за уставните измени, изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеничката на оваа партија Ели Панова.

Панова истакна дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во ваквата процедура за отворање на Уставот во овој пратенички состав без претходни избори.

-Нашиот став веќе е одамна кажан. Имавме предлог којшто власта го одби, а се однесуваше за измена на Уставот по теркот на хрватскиот модел. Ние нема да учествуваме во работните групи. Во понатамошната процедура за да се отвори Уставот требаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во ваквата процедура за отворање на Уставот во овој пратенички состав без претходни избори, рече Панова.

Слични содржини