Рубин: Постои голема веројатност да се постигне мир меѓу Косово и Србија

од Stefanija Kuzmanovska
158 прегледи

Специјалниот претставник на САД и координатор на Центарот за глобален ангажман при Стејт департментот, Џејмс Рубин изјави дека постои голема веројатност да се постигне мир меѓу Косово и Србија.

Рубин, кој беше помошник државен секретар за време на војната во Косово, осврнувајќи се на минатомесечниот договор меѓу Косово и Србија од Охрид, како дел од предлогот на Европската унија, рече дека нормализацијата на односите ќе донесе подобра иднина за луѓето и за регионот.

Како што јави Гласот на Америка, Рубин, кој е во посета на регионот до 14 април, изјавил дека овој пат не планира да ги посети Приштина и Белград.

На средбата со официјални лица и претставници на политичките партии во Подгорица, каде што ја започна својата посета, Рубин зборуваше за кампањата на руски дезинформации и манипулации на Балканот и особено во Црна Гора.

„Ако руската дезинформација доминира во просторот овде, ќе биде тешко да се напредува. Она што го слушнав од локалните лидери и што ме охрабри е дека тие ќе бидат фокусирани на нас и на Европската унија“, додаде тој, нагласувајќи дека руската агресија во Украина „ги разјасни работите за сите во овој регион“, пренесе ВоА.

Слични содржини