Холандски демонстранти денеска го прекинаа говорот на францускиот претседател Емануел Макрон во институтот Нексус во Хаг, по што тој рече дека оние кои не го почитуваат изборниот процес и избраните лидери ја ставаат во ризик демократијата.
Макрон требаше да одржи говор за европскиот суверенитет на почетокот на државната посета на Холандија, по неколкунеделните протести низ Франција против пензиските реформи, пренесува Ројтерс.
„Каде е француската демократија? „Кога ја изгубивме?“, извика еден од демонстрантите, додека друг покажа транспарент на кој пишуваше „Претседател на насилството и лицемерието“.