„Вашингтон пост“: Протечените документи нема да влијаат на текот на војната во Украина

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Протечените документи на Пентагон кои се појавија на Интернет најверојатно нема значително да влијаат на текот на конфликтот во Украина, се наведува во денешниот уреднички коментар на „Вашингтон пост“.

Се додава дека објавениот материјал му дал на Кремљ некои корисни детали, но дека има малку во документите што би можеле да доведат до целосен пресврт на теренот.

Се вели дека информациите за количината оружје и муниција што ги поседува украинската војска, како и сознанието дека Пентагон е загрижен за статусот на украинските системи за противвоздушна одбрана, може да ѝ бидат од помош на Русија, меѓутоа на Москва би и значело повеќе да го открила обемот на американските разузнавачки способности преку кои Вашингтон можел да ги собере тие податоци.

Слични содржини