Тајните документи на Пентагон кои „протекоа“ на социјалните мрежи покажуваат песимистичко американско гледање на воената ситуација во Украина, укажуваат на украинските проблеми со вооружувањето и противвоздушната одбрана и предвидуваат дека во наредните месеци ќе има застој во војната, наведува Си-Ен-Ен.
Документите, кои се чини дека датираат од февруари и март, ги наведуваат воените недостатоци на Украина додека Киев се подготвува за пролетна контраофанзива.
Неколку доверливи документи предупредуваат дека украинската противвоздушна одбрана со среден дострел за заштита на војниците од фронтот ќе биде „целосно исцрпена до 23 мај“, што сугерира дека Русија наскоро би можела да има воздушна супериорност и дека Украина може да ја изгуби способноста да собере копнени сили во контраофанзива.