„Пике е бесен“: Испливаа детали од последниот разговор меѓу Шакира и фудбалерот

од Stefanija Kuzmanovska
198 прегледи

Колумбиската пејачка Шакира неодамна се пресели од Барселона во Мајами со синовите Милан и Саша.

Таа сега се огласи на Инстаграм и ги замоли сите да ја почитуваат приватноста на нејзините деца кои имале многу тешка година поради раскинувањето на нивните родители.

„Моите деца, Милан и Саша, преживеаја многу тешка година, претрпувајќи континуирана опсада и немилосрдно прогонство од папараците и разни медиуми во Барселона“, напиша пејачката на почетокот на своето обраќање.

Таа привлече посебно внимание на медиумите и ги замоли да не ги следат момчињата кога одат на училиште, на воннаставни активности и слично и нагласи дека имаат право да живеат безгрижно како и сите други деца.

„Го упатувам ова барање повеќе не како уметник, туку како мајка која сака да ги заштити и да се грижи за менталната и емоционалната благосостојба на своите деца за да можат да живеат здрав и среќен живот што секое дете го заслужува“, заклучи Шакира во објава на Инстаграм.

Од друга страна, во шпанското телевизиско шоу „Фиеста“ беа објавени деталите од последниот разговор меѓу пејачката и нејзиниот поранешен партнер, фудбалерот Жерар Пике.

Според весникот „Марка“, пејачката го известила фудбалерот дека за два дена ќе ги одведе синовите во Мајами и дека ја забрзала преселбата поради лошата здравствена состојба на нејзиниот татко, па повеќе не можела да го одложи заминувањето од Барселона бидејќи „тој не може да се лекува тука“.

„Пике е бесен, не ја слушаше причината. Многу е изнервиран затоа што му беше кажано за многу краток период. Тој не се согласува со тоа што децата не ја завршуваат учебната година во Барселона“, изјавиле за „Мирор“ извори блиски до фудбалерот.

Од друга страна, во споменатата емисија беше наведено и дека пејачката била нерасположена по разговорот со поранешниот.

„Таа е вознемирена бидејќи нивниот последен разговор не беше пријателски како што се очекуваше“, беше наведено во емисијата.

Слични содржини