217
Посен десерт кој брзо се подготвува.
Состојки:
– 200 гр пченкарно брашно
– 150 гр пченично брашно
– 3 дл кисела вода
– 1 дл масло
– 50 гр мед
– 100 гр посно чоколадо
– 2 лажички сода бикарбона
Подготовка:
Измешајте пченкарно брашно, пченично брашно и сода бикарбона, па додадете ја киселата вода, маслото, медот и ситно сечканото посно чоколадо.
Можете да додадете сок од половина портокал, можете да додадете и цимет. Сè убаво соединете со лажица.
Наполнете ги корпите за мафини кои ги ставивте во калапи за мафини, но до две третини.
Се пече на 200 степени околу 20 минути.
Оваа смеса е доволна за 12 мафини.