Шефот на украинската дипломатија за видеото со обезглавување: „Русија треба да биде исфрлена од ОН“

од Stefanija Kuzmanovska
151 прегледи

Откако видео на кое руски војници ја отсекуваат главата на украински затвореник стана вирално на социјалните мрежи, реагираше и врвот на украинската влада. На видеото се гледа како руски војник со нож го сече грлото на украински затвореник за да го обезглави.

Украинскиот министер за надворешни работи Димитро Кулеба, меѓу останатите, реагираше на видеото барајќи протерување на Русија од Обединетите нации.

„На интернет кружи страшна снимка од руски војници како обезглавуваат украински воен заробеник. Апсурдно е Русија, која е полоша од ИСИС, да претседава со СБ на ОН. Руските терористи мора да бидат протерани од Украина и ОН и да одговараат за нивните злосторства“, напиша Кулеба на Твитер.

На видеото на Твитер реагираше и Михајло Подолњак, советник на претседателот Владимир Зеленски.

„Руски војник е снимен како ужива додека му ја отсекува главата на украинскиот воен заробеник. Тие уште еднаш ја докажуваат својата ѕверска природа и го убедуваат светот во руската крвожедност. Можеби ‘миротворците’ кои цинично предлагаат ‘замена на земјата за мир’ конечно ќе го почувствуваат вистинското значење на ‘рускиот свет’?“, напиша Подолњак.

Слични содржини