„Ме молеше да не го удрам“: Тајсон се присети на првата средба со Бред Пит

од Stefanija Kuzmanovska
163 прегледи

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон отсекогаш имал бурен љубовен живот, а во моментот кога требало да ја покрене бракоразводната парница со тогашната сопруга Робин Гивенс, следел вистински шок.

Ги подготвил документите, а пред да оди кај адвокатот решил да намине кај Робин на „проштален секс“. Но, тогаш доживеал непријатно изненадување.

Имено, тој бил шокиран кога видел дека Робин веќе нашла замена за него. Ни помалку ни повеќе, се работело за светски познатиот актер Бред Пит. Години подоцна Тајсон објасни дека Пит бил целосно исплашен кога пред себе го видел „челичниот Мајк“.

„Кога ме виде, целосно пребледе. Јасно беше дека беше на некои дроги и ме молеше да не го удрам“, изјави Тајсон, кој со Робин беше во брак само една година.

Слични содржини