Дир: Каква дегенерација на човечката суштина треба да достигне човек за да обезглави друг жив човек

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Украинската амбасадорка Лариса Дир, во изјава за Цивил Медиа го коментира видеото од ѕверското обезглавување на украинскиот војник.

Каква дегенерација на човечката суштина треба да достигне човек за да силува дете, да убие трудница, да обезглави друг жив човек, вели амбасадорката Лариса Дир.

„Според мене, ова дури не е ни излишен доказ за кршење на Женевските конвенции, Конвенцијата за човекови права. Се работи за најбруталната суровост на директните убијци-џелати и раководството на Кремљ. Кремљ го промовира култот на човечкото погубување, нанесувајќи ги најтешките страдања, со што ја продолжува каузата на нацистите. Наметнувајќи духовна дегенерација, извршувајќи убиства, мачење, злоупотреба – државата наречена руска федерација сега претседава со Советот за безбедност на ОН и продолжува да зазема место во ОБСЕ. Аномалија“, реагира Амбасадорката Дир во изјавата за Цивил Медиа.

Слични содржини