Во последните денови, корисниците на Google Pay известуваат на интернет тврдејќи дека по грешка примиле пари од Google. Корисниците добивале случајни плаќања од 10 до 1.000 долари. Набрзо се покажа дека тоае грешка.
Ненадејните плаќања се резултат на дефект што се случил за време на внатрешните тестови на Google Pay, пишува PC Chip.
Парите требало да одат кај вработените во Google, но на крајот завршиле на сметките на луѓе кои не се вработени во компанијата, а се корисници на Google Pay.
Google брзо интервенирал и ги информирал корисниците за ова.
Им било кажано дека парите се уплатени по грешка, дека проблемот е решен и дека парите се вратени каде што е можно. Онаму каде што парите не можеле да се вратат, тие останувале на сметката.
Исто така, дури и ако некој ги потрошил парите или ги префрлил на друго место, Google одлучил да не наплаќа, бидејќи сепак тоа е нивна грешка.