Руската војска во средата соопшти дека испратила борбен авион да пресретне авион на германската морнарица кој се приближувал до границата над Балтичкото Море.
„На 12 април 2023 година, руските служби за контрола на воздушниот простор над Балтичкото Море открија воздушна цел што се приближуваше до руската граница“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Телеграм.
Според истиот извор, полетал ловец Су-27 и го идентификувал леталото како „базичен патролен авион П-3Ц Орион на германската морнарица“.
По пристигнувањето на рускиот авион, „странскиот воен авион се оддалечи од руската граница и рускиот ловец безбедно се врати на матичниот аеродром“, додаваат од Министерството.
Германскиот авион не ја преминал границата, се додава во соопштението.
Вакви слични инциденти со руски авиони и авиони на земјите од НАТО се случуваат во последните години, дури и пред почетокот на конфликтот во Украина.
Често се случуваат над Балтичкото Море, но и над Црното Море и на други места.
Во март, руските воздухопловни сили пресретнаа американско беспилотно летало Reaper MQ-9 во Црното Море, кое се урна во морето.