Денес сончево и топло, од утре пороен дожд и невреме

од Nikola Popovski
129 прегледи

Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, известуваат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури се од минус 2 до 6 степени Целзиусови, а дневните ќе се движат од 14 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде 2 степени, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

За утре, УХМР најавува променливо облачно, а на повеќе места и поројни врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час).