Американскиот актер, пејач и водител, Џејми Фокс, заврши во болница поради компликации со здравјето.
Како што објави неговата ќерка Корин, станува збор за итна медицинска помош.
„Сакаме да споделиме дека мојот татко Џејми Фокс вчера имаше здравствена компликација. За среќа, поради брзата реакција и одличната нега, тој веќе е на пат кон закрепнување. Знаеме колку е сакан и ги цениме вашите молитви. Семејството бара приватност во овој период. Ви испраќамe многу љубов, семејството Фокс“, напишала Корин Фокс.
ТМЗ неговиот здравствен проблем го нарече „медицински итен случај“ и додаде дека Фокс сега повторно комуницира, но дека семејството сè уште не знае што го предизвикало неговиот здравствен проблем.
Фокс неодамна ја сними акционата комедија „Back in Action“ со колешката Камерон Дијаз, но засега нема информации дали ги снимал сите свои сцени во филмот.