181
Премиерот Димитар Ковачевски преку заедничко видео со својот син го честиташе големиот христијан празник Велигден.
Ковачевски заедно со својот син боеше јајца и раскажуваше што симболизираат боите.
Во честитката објавена на неговиот Фејсбук профил, Ковачевски посочува дека Велигден е време на обнова и надежи и нови почетоци кои носат прогрес и развој.
„Време кога заедништво и грижата еден за друг ни дава сила да се справиме со сите предизвици кои стојат пред нас и да работиме заедно за да изградиме посветла и подобра иднина за сите. Во овие Велигденски празнични денови вам и на вашите семејства ви посакувам многу здравје, спокој и мир. Нека ни е честит Велигден! Да сте живи и здрави!“, вели премиерот.