Медведев директно ѝ се закани на моќна ЕУ земја: Ќе исчeзнете ако избие војна меѓу Русија и НАТО!

од Nikola Popovski
191 прегледи

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и поранешен шеф на руската држава, Дмитриј Медведев, изјави дека Полска, како бастион на НАТО во Европа, дефинитивно ќе престане да постои доколку избие војна меѓу Русија и НАТО.

Имено, Медведев ја коментираше забелешката на полскиот премиер Матеуш Моравјецки, кој изјави дека не е премногу загрижен поради тоа што украинските напади на руска територија можат да предизвикаат директен конфликт меѓу Русија и НАТО.

„Не знам кој ќе победи или изгуби во оваа војна, но имајќи ја предвид улогата на Полска како бастион на НАТО во Европа, земјата најверојатно ќе престане да постои, заедно со нејзиниот глупав премиер“, напиша Медведев.

Медведев ова го напишал на англиски јазик, а во објавата додал и превод на полски јазик.

Слични содржини