Во Франција се зголеми старосната граница за пензионирање: Уставниот совет ја поддржа реформата на Макрон

од Nikola Popovski
231 прегледи

Највисокото уставно тело на Франција го одобри зголемувањето на старосната граница за пензија од 62 на 64 години и ги отфрли повиците на политичките противници за референдум.

Сепак, Уставниот совет соопшти дека некои членови од законот имаат правни пропусти и недостатоци.

Во март, владата употреби специјално уставно овластување за спроведување на реформите без гласање.

Против реформите од јануари досега се одржаа 12-дневни протести, речиси низ цела Франција.

Владата на претседателот Емануел Макрон тврди дека промените се неопходни за да се спречи колапсот на системот.

Слични содржини