Претреси во Делчево, пронајдена дрога, приведени две лица

од Radmila Tasevska
165 прегледи

Вчера во 13.30 часот во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Д.И.(23) од Делчево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

Исто така, во Делчево, со судска наредба, бил извршен претрес и во домот на С.М.(23) од Делчево, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Со двајцата бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини