121
Кинеското Министерство за трговија денес соопшти дека земјата „одлучно се спротивставува“ на санкциите што Соединетите Американски Држави ги воведоа за некои кинески компании поради нивните наводни врски со Русија, оценувајќи дека станува збор за незаконска мерка што го загрозува глобалниот синџир на снабдување.
Кинеското министерство соопшти дека Вашингтон треба веднаш да го исправи „погрешното дело“ и да го запре „неразумното туркање на кинески компании“, пренесува Ројтерс повикувајќи се на медиумите во Кина.
Пекинг верува дека овој унилатерален потег на САД влијае на безбедноста и стабилноста на глобалните синџири на снабдување.