Во Холандија е „откриена“ неверојатна колекција класични автомобили на сопственикот познат како Палмен, во кој има дури 230 возила.
Палмен беше професионален продавач на ретки и специјални автомобили од шеесетите години на минатиот век, а својата колекција ја создаваше со децении. Се започнало кога пред 40 години купил жолт Lancia B20, а денес тоае еден од 230-те автомобили паркирани во магацинот.
Станува збор за легендарни класици со различно потекло, има италијански модели на познати брендови како Alfa Romeo, Lancia, Maserati и Ferrari, германските гиганти BMW, Mercedes и NSU, додека Велика Британија ја „претставуваат“ Jaguar, Aston Martin и Rolls-Royse. Дел од колекцијата се и „Американците“ Chevrolet, Cadillac и Ford, а ним им се придружува и францускиот Facel Vega.
Но, тоа не е се, бидејќи колекцијата ги вклучува и брендовите Tatra, Monica, Moretti, Matra, Alvis, Imperia и Villard.
Автомобилите биле сместени во црква, како и два суви магацини, сите добро сочувани и сведоштво за префинетиот вкус на Палмен и импресивно познавање на ретки и специјални автомобили.
Палмен ретко ја покажуваше својата колекција, па таа стана една од најдобро чуваните „тајни колекции“ во Европа. Колите ги чуваше главно нереставрирани и во оригинална состојба, одржувајќи ги сам и редовно стартувајќи ги.
За жал, поради возраста на Палмен и други околности, колекцијата ќе биде продадена. Автомобилите се наоѓаат во Дордрехт и сега се сместени во еден објект за да се олесни проверката и продажбата.
Онлајн аукцијата ќе се одржи во мај.