Бриџит Фонда фотографирана во јавност: Што се случи со миленичката на Холивуд?

од Stefanija Kuzmanovska
329 прегледи

Во 1990-тите, Бриџит Фонда беше една од најголемите филмски ѕвезди и една од најбараните актерки во Холивуд, но на врвот на нејзината слава, наместо да продолжи да го зема „својот дел од тортата“, таа се повлече од светот на актерството, посветувајќи му се на семејството.

Денес, 59-годишната Бриџит Фонда многу ретко може да се види во јавноста, но повремено американските папараци сè уште изненадуваат со нејзините нови фотографии направени на улиците на Лос Анџелес, а јасно се гледа дека поранешната миленичка на Холивуд се опуштила до тој степен што денес е речиси непрепознатлива.

Откако го напушти Холивуд пред повеќе од 20 години, ѕвездата на филмот „Џеки Браун“ повторно беше фотографирана во нејзината секојдневна облека, облечена во бел џемпер и црни панталони.

И додека таа многу внимаваше на своите појавувања во јавноста и редовно одеше на фризер, папараците неодамна ја фотографираа со собрана коса.

Иако никогаш официјално не објави дека го напушта филмскиот свет, таа не е во него од 2002 година. Само една година потоа, на 27 февруари 2003 година, таа доживеа голема сообраќајна несреќа и скрши неколку пршлени.

Недолго по таа несреќа, таа го запознала композиторот Даниел Роберт Елфман, кој напишал музика за многу холивудски филмови и стекнал популарност благодарение на неговите соработки со режисерот Тим ​​Бартон. Двојката се венчаше во 2003 година, а набрзо го добија и единственото дете – синот Оливер.

Слични содржини