Министрите за надворешни работи на Групата седум (Г7) најразвиени земји денеска ја потврдија важноста на мирот и стабилноста во однос на Тајван, како „неопходен елемент“ за глобалната безбедност, во време на растечки тензии околу островот кој Кина го смета за своја територија.
„Групата седум е пообединета од кога било“, изјави јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши на прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Јапонија.
Во изјавата објавена по нивниот тридневен состанок во туристичкиот град Каруизава во централна Јапонија, дипломатите на Г7 истакнаа дека „нема промена во основните позиции на членките во однос на Тајван“, додека го повикаа Пекинг да „се воздржи од закани, принуда, заплашување или употреба на сила, известува „Кјодо“.