За време на траењето на поларната светлина на небото над Алјаска се појави необична сина спирала.
Причината поради која сината спирала се појави на небото е најверојатно испуштањето гориво од ракетата на компанијата „Спејс Икс“, која беше лансирана три часа претходно во Калифорнија, тврдат научниците.
A SpaceX Spiral over Alaska from Earth to Sky Calculus on Vimeo.
Ракетите понекогаш мора да испуштаат гориво, а кога тоа го прават на голема височина, горивото се претвора во мраз, изјави за американските медиуми астрофизичарот Дон Хемптон од Универзитетот во Алјаска Фербенкс.
„Ако сончевите зраци го осветлуваат замрзнатото гориво, а набљудувачот на Земјата е во темнина, тоа може да се види како огромен облак, понекогаш во форма на спирала“, вели Хемптон.
Сепак, ваквата појава не е вообичаена, но не е ниту незабележана, вели Хемптон и додава дека такво нешто лично видел три пати.
Необичната спирала над Алјаска ја снимија бројни камери.
Во петокот беше лансирана ракета на компанијата „Спејс Икс“, која носи 25 сателити.