134
Командантот на копнената армија на Украина, генерал-полковник Александар Сирски изјави денеска дека борбите за Бахмут продолжуваат и дека ситуацијата во моментов е под контрола.
„Таму (во правец на Бахмут) непријателот ги концентрира своите најголеми напори и не се откажува од целта да ја преземе контролата врз градот по секоја цена“, рече Сирски, пренесува „Униан“.
Тој рече дека руските сили ги засилуваат тешките артилериски напади и извршуваат зголемен број воздушни напади, претворајќи го Бахмут во урнатини.