Вилијам не сака да го види Хари: Сите се загрижени за нивната средба на крунисувањето

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Принцот Вилијам (40) не планира да се сретне со својот помлад брат, принцот Хари (38), кога ќе пристигне во Обединетото Кралство на крунисувањето на кралот Чарлс Трети (74).

Крунисувањето на нивниот татко, кралот Чарлс Трети е закажано за 6 мај. Кралските аналитичари рекоа дека Хари разговарал со својот татко во саботата во обид да ја намали тензијата околу неговото пристигнување на крунисувањето. Сепак, тие не разговарале за несогласувањето меѓу Хари и Вилијам.

Се наведува и дека нема да има време браќата да се сретнат за време на церемонијата на крунисување, пренесува The Sun.

Уредничката на магазинот Majesty, Ингрид Сјуард изјави дека сите членови на кралското семејство имаат премногу обврски и дека е разумно да се заклучи дека разговорот на Хари со Вилијам е одложен за некоја друга прилика.

„Чарлс ќе го пречека својот син. Мислам дека решавањето на неговиот однос со Вилијам е одложено за друг пат“, изјави таа.

Се шпекулира дека ова ќе биде првпат Хари и Вилијам да се сретнат откако Хари ги објави своите мемоари во јануари, во кои го означи својот брат како свој „главен непријател“.

Слични содржини