„Понесете го ова во војна“: Што им донесе Путин на руските војници во Украина? (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
128 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин го посети штабот на воената група Дњепар во правец на Херсон.

Путин пристигна со хеликоптер, а потоа со теренско возило отиде во седиштето. Таму го пречека командантот на воената група Дњепар, генерал-полковник Олег Макаревич.

Тој објави дека групата „ја презема одбраната во согласност со наредбите“.

„Ви посакувам добро здравје“, додаде Макаревич, по што Путин се ракуваше со него.

Отворајќи ја средбата во седиштето, Путин истакнал: „Не сакам да ве одвлечам од вашите директни должности поврзани со командата и контролата, затоа овде работиме кратко, но конкретно. Важно ми е да го слушнам вашето мислење за развојот на ситуацијата, да ве сослушам, да размениме информации“.

Претседателот побарал извештајот да започне со ситуацијата во Херсон, потоа во правец на Запорожје, а потоа му се обратил на командантот на Воено-десантните сили, генерал-полковник Михаил Јурјевиќ Теплински, пишува Тасс.

Путин им го честиташе и Велигден на војниците. Шефот на државата им подари копија од иконата, која, како што нагласи, му припаѓала на „еден од најуспешните министри за одбрана на Руската империја“.

Обраќајќи му се на Теплински, Путин нагласи дека може да ја понесе иконата со себе во војна.

Слични содржини