102
Полска почна да гради најсовремена електронска бариера на копнената граница со руската ексклава Калининград за следење и спротивставување на какви било незаконски активности, објави денеска полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински.
Бариерата, која ќе биде опремена со 24-часовни камери за надзор и детектори за движење, ќе биде поставена на должина од 210 километри и треба да биде завршена наесен, пренесува АП.
„Ќе имаме целосна контрола на границата со Русија. Сигурен сум дека ова ќе биде најдобро обезбедената граница на ЕУ“, рече Камински.