92
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд, кои на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, известуваат од УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури денеска ќе се движат од 1 до 6 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 9 до 20 степени.