Повеќе тоа нема да биде Кина: Оваа земја наскоро ќе стане најнаселена во светот

од Stefanija Kuzmanovska
161 прегледи

Индија е на пат да стане најнаселена земја во светот. Податоците објавени денеска од Обединетите нации покажуваат дека кон средината на оваа година таа ќе ја престигне Кина за речиси 3 милиони луѓе.

Според демографските податоци за населението од извештајот на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за 2023 година, населението на Индија се проценува дека ќе достигне 1,4286 милијарди, а на Кина 1,4257 милијарди.

Соединетите Американски Држави се трети и далеку зад нив, со проценета популација од 340 милиони, покажаа истите податоци.

Извештајот ги одразува информациите достапни до февруари 2023 година. Експертите за население, користејќи претходни податоци на ОН, предвидоа дека Индија ќе ја престигне Кина овој месец.

Во последниот извештај, сепак, не е наведен датумот кога ќе се случи таа промена.

Слични содржини