170
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по средбата со министерот за надворешни работи на Кралството Шведска, Тобијас Билстром, изјави дека разговарале и за ситуацијата на Косово и дека за да нема дилеми, го повторил ставот на Србија – „нема да го поддржиме членството на Косово во ОН“.
„Разговаравме и за ситуацијата на Косово и ги повторив, за да нема дилема, ставовите на Србија дека Србија ќе го исполни она што го кажа, но дека нема да го поддржи членството на Косово во ОН и специјализираните агенции и институциите на ОН и дека јасно ги информирав сите кои учествуваат во преговорите и другата страна и Борел, Лајчак, Шолц, Макрон и Блинкен и сите на земјината топка со кои разговаравме“, рече Вучиќ.