Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Димитриј Медведев, ги предупреди јужнокорејските власти за последиците од можната испорака на оружје за Украина.
„Се појавија нови луѓе кои сакаат да им помогнат на нашите непријатели. Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сок-Јол, изјави дека земјата е подготвена во принцип да испорача оружје на режимот во Киев“, коментира Медведев.
Медведев потсети дека неодамна Јужнокорејците „страсно тврдеа дека целосно ја исклучуваат можноста за испорака на смртоносно оружје во Киев“.
„Се прашувам што ќе кажат жителите на таа земја кога ќе ги видат најновите примероци на руско оружје кај нивните најблиски соседи – нашите партнери од Северна Кореја? Како што се вели, quid pro quo (ти на мене, јас на тебе)“, напиша Медведев на Телеграм.