Групата Вагнер негираше дека е вмешана во конфликтот во Судан

од Stefanija Kuzmanovska
153 прегледи

Руската приватна воена групација „Вагнер“ вчера негираше дека дејствува во Судан и изјави дека нема никаква врска со битките кои ја тресат џиновската сиромашна африканска земја, пренесува „Ројтерс“.

Како што наведе „Ројтерс“, според изјавите на западните дипломати од март 2022 година, Вагнер бил вклучен во илегално ископување злато во Судан. Суданските власти го негираа ова.

„Поради големиот број прашања од различни странски медиуми за Судан, од кои повеќето се провокативни, сметаме дека е неопходно да ги информираме сите дека персоналот на Вагнер не е во Судан повеќе од две години“, објави групата на Телеграм.

„Вагнер“ долго време немал никаков контакт со воениот владетел на Судан, генералот Абдел Фатах ал Бурхан, ниту со шефот на паравоената формација, генералот Мохамед Хамдан Дагал, чии сили се во центарот на актуелниот конфликт, се наведува во соопштението.

Слични содржини