Министерот за здравство на Судан: Во судирите досега убиени повеќе од 600 луѓе

од Nikola Popovski
119 прегледи

Повеќе од 600 луѓе се убиени во Судан од почетокот на судирите меѓу суданската армија и паравоената група Сили за брза поддршка (СБП), соопшти суданскиот министер за здравство, Хаитам Мухамед Ибрахим.

„Повеќе од 600 луѓе се убиени во конфликтите во Судан“, изјави тој за телевизијата „Ал Хадат“, додавајќи дека 125 болници се сериозно оштетени, пренесува ТАСС.

Во Судан од саботата траат судири, кои избувнаа по неколкудневна тензија. Позадина на случувањата е борбата за превласт меѓу актуелниот владетел со Судан и врховен командант на армијата, генерал Абдел Фатах Бурхан, и неговиот актуелен заменик, предводникот на паравоените сили, генерал Мохамед Хамдан Дагло, попознат како Хемети.

Еден од главните проблеми е планот за интегрирање на Силите за брза поддршка со своите 100.000 членови во суданската армија и назначувањето на лидерот на новите воени сили.

Договорот требаше да биде потпишан на почетокот на април.

Слични содржини