Столтенберг: Сите земји од НАТО се согласуваат Украина да стане членка на Алијансата

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Сите земји-членки на НАТО се согласија Украина на крајот да стане членка на Алијансата, но сега главниот фокус е да се осигура дека Киев ќе ја победи Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесе Танјуг.

Говорејќи пред состанокот на контакт групата за помош на Украина во воздухопловната база Рамштајн во Германија, Столтенберг нагласи дека откако ќе заврши војната во Украина, Киев мора да има застрашувачки сили за да спречи нови напади, објави Ројтерс.

Одбранбените лидери на НАТО и партнерските земји се собраа денеска во Рамштајн за да и пружат дополнителна воена помош на Украина.

Слични содржини