Битиќи: Нашата посветеност на „Зелената“ агенда е поголема од кога и да било досега

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Немаме резервна планета, да се грижиме сите. Нашата посветеност на „Зелената“ агенда е поголема од кога и да било досега. Целосно сме посветени на намалување на загадувањето, намалување на емитувањето на стакленичките гасови, зазеленувањето на нашата економија, на намалување на нашата зависност од фосилни горива со фокусот на поефикасно користење на енергијата и во индустрискиот и во станбениот сектор, пишува на својот Фејсбук профил Фатмир Битиќи.

„Започнавме голем инвестициски циклус за позелена иднина, обновливи енергетски извори и истражување на повеќе опции за снабдување со енергија.

Пред нашите партнери во ЕУ го поднесовме нашиот унапреден „Национален придонес за климатските промени“, Стратегијата за развој на енергијата и другите национални стратегии и планови усогласени со пристапниот процес на ЕУ.

Одговорноста да ја заштитиме планетата Земја е наша, ни припаѓа на сите нас, одговорно се грижиме сите ние“, додава Битиќи.

Слични содржини