229
Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, упатила писмо до британскиот крал Чарлс Трети поради „расизмот“ и малтретирањето во кралското семејство, објави „Телеграф“.
Се наведува дека војвотката од Сасекс испратила писма до кралот Чарлс по интервјуто со Опра Винфри.
Меган во интервјуто во 2021 година тврдеше дека имало „загриженост и разговори“ во кралското семејство за тоа колку темна може да биде кожата на нејзиниот син кога ќе се роди.