Хорор во Германија: Тројца млади загинаа во железничка несреќа

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Тројца млади луѓе загинаа во недела рано наутро во железничка несреќа во близина на Хановер, Германија, пишува Spiegel Panorama.

Според првите информации, починатиот ја поминал железничката пруга со автомобил додека рампата била спуштена. Возот не можел да закочи и со полна брзина налетал на нив.

Загинаа возачот (22) и двајца сопатници, млад маж (21) и млада жена (22).

Во возот во тој момент имало 38 патници и четворица вработени во железницата, а едно лице е полесно повредено.

Утрото полицијата и пожарникарите во голем број беа на терен, а железничката линија меѓу Хановер и Нинбург (Везер) беше затворена до пладне.

ФОТО: ДПА