Главната уредничка на германски „Актуел“ доби отказ поради лажното интервју со Шумахер

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Издавачите на германскиот магазин „Актуел“, кој објави „интервју“ со поранешниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, создаден од вештачка интелигенција, го отпуштија главниот уредник и му се извинија на семејството на Шумахер.

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, не е виден во јавноста од декември 2013 година кога се здоби со тешка повреда на мозокот во несреќа на скијање на француските Алпи.

Семејството на Шумахер оваа недела објави дека планира да покрене правна постапка против неделниот магазин „Актуел“ во сопственост на медиумската групација „Функе“.

„Овој невкусен и погрешен напис никогаш не требаше да се појави“, рече извршниот директор на „Функе“, Бјанка Полман.

Главната уредничка на магазинот Ен Хофман, која таа функција ја извршува од 2009 година, од денеска е разрешена од должноста. Најновото издание на „Актуел“ има насловна страница со слика на насмеаниот Шумахер и ветувачки наслов: „Михаел Шумахер, првото интервју“.

Сепак, се покажа дека на прашањата одговорила вештачката интелигенција.

Семејството на Шумахер одржува строга приватност во однос на здравствената состојба на поранешниот возач.

„Живееме заедно дома. Зема терапија. Правиме се што можеме за да направиме на Михаел да му биде подобро и удобно и само да го почувствуваме нашето семејство, нашата врска“, рече сопругата на Шумахер, Корина во документарецот на Нетфликс од 2021 година. .

Слични содржини