Алек Болдвин продолжи со снимањето на филмот „Rust“: Ова се првите фотографии од сетот

од Stefanija Kuzmanovska
170 прегледи

Снимањето на филмот „Rust“ во кој глуми Алек Болдвин продолжи и покрај трагедијата која се случи на сетот.

Имено, несреќата се случи во октомври 2021 година кога Болдвин ја усмрти својата колешка, кинематограферката Халина Хачинс, за време на снимањето на споменатиот филм.

Во тек била пробна сцена од филмот, кога главниот актер во филмот пукаше од пиштол за кој се верувало дека е реквизит и дека не содржел вистински куршуми. Меѓутоа, се испоставило дека станува збор за вистински пиштол, а куршумот ја погодил и ја убил камерманката Халина Хачинс.

Во таа прилика го повреди и режисерот Џоел Соуза.

Сега се појавија првите фотографии од снимањето на „Rust“ кој продолжи во четвртокот.

Пред неколку дена Алек Болдвин беше ослободен од сите обвиненија.

Снимањето продолжило во Монтана, а пред несреќата се одвиваше во Ново Мексико.

Слични содржини