Борел: Треба да започнеме со подготовки за мирно решавање на конфликтот во Украина

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел денеска изјави дека западните претставници треба да почнат да се подготвуваат за мирно решение на конфликтот во Украина.

Сепак, нагласи тој, Киев треба да учествува во сите можни преговори од позиција на моќ.

„Знам дека треба да почнеме да се подготвуваме за мир, но тоа ќе зависи од рамнотежата на силите на бојното поле. Украина ќе мора да заземе силна позиција кога станува збор за мировните преговори. Да не се залажуваме“, рече Борел во интервјуто со францускиот весник „Монд“.

Слични содржини