Борко Ристовски суспендиран на четири години од МОК

од Nikola Popovski
300 прегледи

Македонскиот олимписки комитет (МОК) вчера соопшти дека го суспендира голманот Борко Ристовски од ракометниот клуб Вардар на четири години.

Според Дисциплинската комисија, Ристовски е казнет затоа што „како претставник на политичка партија во емисијата „За или против“, на 2-ри март кажал груби лаги, клевети и ширел невистини против претседателот на МОК, Даниел Димевски, што може да бидат штетни по тој комитет, федерациите членки и спортистите“.

Така, како што е наведено во одлуката донесена на рочиштето на 4-ти април, „обвинетиот Ристовски го прекршил членот 17 од Дисциплинскиот правилник на МОК“.

Како резултат на ова, на Ристовски му се забранува да врши каква било работа во олимпискиот спорт во период од четири години. Тој има право на жалба во рок од осум дена.

Голманот најави дека во наредните денови ќе свика прес-конференција на која ќе ја каже својата страна.

Слични содржини