Пазарната инспекција во акција на Кванташки, се контролираат увозници на овошје и зеленчук

од Nikola Popovski
192 прегледи

Над 30 инспектори се на терен на Кванташки пазар каде што се вршат инспекциски надзори на увозници на овошје и зеленчук, како и на сите трговци на лице место, информираат од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Ваквата акција е во координација со тимови на Управата за финасиска полиција, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за одземен имот.

Директорот на ДПИ, Горан Трајковски појаснува дека акцијата ќе трае во тек на целиот ден, со што Инспекторатот ќе излезе со информација за исходот.

ДПИ во периодот од 27 март до 9 април извршил над 1100 инспекциски надзори на целата територија на Македонија. За овој период ДПИ наплатил и издал над 230 прекршочни платни налози во вредност од скоро осум милиони денари. Од ДПИ информираат дека се извршени и повеќе од 650 надзори врз основа на Одлуката на Владата за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало која се однесува на цените на замрзнување на овошјето и зеленчукот.

Слични содржини