Наскоро обновена верзија на Peugeot e-2008

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Од Peugeot стигна најава дека на 4 мај официјално ќе ја претстави ажурираната верзија на електричниот кросовер e-2008.

Рестајлирањето ќе донесе променет изглед на предниот и задниот дел, при што предните светла ќе бидат ревидирани за да обезбедат поспортски и поагресивен карактер, додека задниот дел ќе добие нова, помодерна графика. Промени ќе доживеат и предната маска и браниците, како и дизајнот на алуминиумските тркала.

Планирана е модернизација и во внатрешноста, пред се во поглед на поквалитетните материјали и подобрување на инфозабавниот систем и опрема. Исто така, ќе се подобрат и системите за помош на возачот.

За Peugeot e-2008 е подготвен помоќен електромотор со 115 kW/156 КС, додека со едно полнење на литиум-јонски батерии од 54 kWh автономијата ќе биде околу 400 km.

Се уште се очекуваат повеќе информации, а продажбата во Европа ќе започне кон крајот на оваа година.

Слични содржини