Зеленски: Во руското гранатирање на Купјанск загина едно лице, 10 се ранети

од Radmila Tasevska
117 прегледи

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски соопшти дека едно лице загинало, а 10 се повредени во руското гранатирање на градот Купјанск, на истокот на Украина.

Зеленски на Телеграм напиша дека е погоден музејот и дека е убиен вработен во музејот, а под урнатините има уште луѓе.

Шефот на регионалната администрација во Харков, Олег Синегубов, изјави дека руските сили го гаѓале центарот на Купјанск со ракети С-300 и дека тројца од 10-те повредени лица се хоспитализирани.

Слични содржини