Речиси и да нема херој кој е вечна инспирација за режисери и актери како грофот Дракула. Од 27 април во сите кина домашната публика ќе има можност да го гледа „Ренфилд“, најновиот филм за Господарот на смртта и неговиот помошник, полуциден и посмешен од се досега.
Во приказна која е спој на комедија, хорор и акција, ликот на грофот Дракула го толкува Николас Кејџ.
Според синопсисот, Николас Хулт го игра Ренфилд, измачениот асистент на Дракула, најнарцисоидниот шеф во историјата. Ренфилд е принуден да го обезбеди пленот на својот господар и да одговори на секој негов предизвик, колку и да е понижувачки.
Но, сега, по векови сервилност, Ренфилд е подготвен да открие дали има живот надвор од сенката на Принцот на темнината. Само да можеше да сфати како да стави крај на својата зависност.