Шаќири побара вработените во ДИЦ да не ја доведуваат во прашање државната матура

од Nikola Popovski
159 прегледи

Министерот за образование, Јетон Шаќири побара штрајкот на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ), да не биде врз грбот на средношколците, во пресрет на полагањето државна матура.

-Да не се доведува во прашање државната матура и вработените во Државниот испитен центар да комуницираат со другите институции да чекаат да се реши Општиот колективен договор. Значи тие вработени кои припаѓаат на УПОЗ јас ги повикувам, затоа што имаме законски обврски, па кога се работи за државна матура, не можат да го искористат моментот на државна матура за да ги постигнат совите цели, кажа Шаќири.

Шаќири потенцираше дека сите имаат и правна одговорност со апел, како што рече, оваа институција да не ја користи ситуацијата кога средношколците треба да полагаат државна матура.

Вработените во Државниот испитен центар го продолжија генералниот штрајк кој го почнаа вчера и најавија дека тој ќе трае сè додека не им се исполни барањето, а тоа е покачување на платите, односно добивање согласност на барањето за изменување и дополнување на колективниот договор кое го испратиле до Министерството за финансии.

Слични содржини