Првиот лет на турскиот суперсоничен авион Hurjet (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Првиот турски воен авион Hurjet во вторникот го изврши првиот пробен лет.

Станува збор за едномоторен суперсоничен авион со две седишта, напреден тренинг и лесен борбен авион, јавува Анадолија.

„Нашиот прв домашен и национален суперсоничен млазен авион со посада Hurjet успешно го заврши својот прв лет. Подарок за векот на Турција“, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на социјалните мрежи.

Ердоган сподели и слики од моментите кога Hurjet, развиен од Турската аерокосмичка индустрија (ТУСАС), го напушти хангарот и го направи својот прв лет.

Турција во моментов спроведува неколку проекти во областа на авионската индустрија, вклучувајќи го и производството на суперсоничното беспилотно летало Goksungur.